Tренерот на Милан, Марко Џампаоло нема да може да смета на Лукас Пакета за утрешниот натпревар против Торино во Серија А, но доби едно големо засилување.
Додека Пакета е отпаднат за утрешниот натпревар поради проблеми со бутниот мускуло, Џакомо Боновентура би можел да заигра за прв пат за Милан после скоро една година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поранешниот играч на Аталанта заработи тешка повреда на коленото минатиот ноември после што следуваше негово долго опоравување.
Боновентура пред повредата беше еден од најважните играчи на „росонерите“ покривајќи ги скоро сите позиции на средината на теренот, а навивачите го обожаваа пореди професионалниот пристап на секој натпревар.
Давиде Калабриа исто така се враќа после еден натпревар суспензија, но стоперот Матија Калдара се уште не е со тимот.
Списокот на Милан за гостувањето во Торино: Донарума. А, Донарума. Џ, Реина; Калабриа, Конти, Дуарте, Габиа, Ернандез, Мусакио, Родригез, Ромањоли; Бенасер, Биља, Боновентура, Чалханоглу, Кеси, Круниќ, Борини, Кастиљехо, Леао, Пјонтек, Ребиќ, Сусо.
Thank you ?? Dr Freddie Fu
— giacomo bonaventura (@giacomobona) December 9, 2018
Danke @VolkerMusahl @UPMCSportsMed #andrew pic.twitter.com/Ce21M0UtIx