Дома Фудбал Англија Одлични вести за Јунајтед: Марсијал и Лингард спремни за Ливерпул

Одлични вести за Јунајтед: Марсијал и Лингард спремни за Ливерпул

Двајца од клучните фудбалери на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал и Џеси Лингард може да се вратат во игра за неделното дерби против Ливерпул.

Манчестер јунајтед го пречекува во големото дерби на англискиот фудбал, а бодовите се исклучително важни и за двете екипи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Лингард и Марсијал се здобија со повреди на мечот против Пари Сент Жермен во Лигата на шампиони и прогнозите беа дека ќе отсуствуваат од терените до крајот на месецот.

Меѓутоа, денес Солскјер ги израдува фановите и изрази оптимизам дека двајцата ќе бидат спремни за големото дерби против Ливерпул кое се игра во недела на „Олд Трафорд“.

„Се надевам дека Џеси ќе биде океј. Исто така мислам и се надевам дека Ентони ќе биде добар. Имаме уште два тренинзи ќе видиме како ќе ги поминат и ќе одлучиме дали ќе играат. Секој играч има свои атрибути и мислам дека против Челзи покажавме дека можеме и без нив. Имаме опции, составот е широк со добри фудбалери и секој сака да игра на овој натпревар“, изјави Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола во јануари добива засилување од 72 милиони евра?

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ќе влезе во наредната борба против Арсенал со з…