Дома Фудбал Англија Одлични вести за Пеп – Сити пред продолжување на договорот со еден од најискусните!

Одлични вести за Пеп – Сити пред продолжување на договорот со еден од најискусните!

Управата на клубот од Манчестер успеа да постигне договор со еден од најискусните фудбалери во тимот.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Давид Силва наскоро ќе стави потпис на нов договор со Манчестер Сити.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Овој 31 годишен фудбалер во Сити пристигна во 2010 година и сеуште важи за еден од најважните фудбалери во тимот, а договорот со „граѓаните“ ќе го продолжи до 2020 година.

Ќе добие и покачување, па во наредниот период ќе заработува 150.000 фунти неделно.

Екипата на Милан покажуваше интерес да го доведе, а постоеа и шпекулации дека искусниот Шпанецот кариерата со задоволство би ја продолжил во Лас Палмас, но сега е јасно дека Силва нема да ја менува средината.

Од кога пристигна на „Итихад“ од редовите на Валенсија со овој клуб ги освои сите трофеи во англискиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Почнува она вистинското: Четвртфинале на Лигата на шампионите и пет нешта кои мора да ги знаете

Пред нас е четвртфиналето на Лигата на шампионите – со него доаѓаат историски дуели, можно…