Добра вест за сите фанови на ММА, Кабиб Нурмагомедов не оди во пензија, туку се враќа во октагон и тоа пред крајот на годината.
Неговиот менаџер Али Абедлазис потврди дека популарниот „Орел“ ќе се бори против Џастин Гатје и тоа во втората половина од 2020 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тоа ќе биде борба помеѓу двата најдобри борци во лесна категорија“, порача Абделазис.
Кабиб претходно овој месец го погоди трагедија бидејќи остана без својот татко, ментор и тренер Абудлманап Нурмагомедов кој почина како последица од коронавирусот.
„Сите разбираат колку Кабиб беше близок со својот татко и негово срце е скршено, но Абудлманап сакаше неговиот син да продолжи да се бори“.
Во крајот на изјавата уште еднаш го пофали Гатје.
„Видовме што му направи Џастин на својот противник. Тони Фергусон немаше никакви шанси против него“, заврши менаџерот на Кабиб.