Напаѓачот на Ливерпул, Филипе Кутињо, најави дека е спремен да ги одбие сите понуди и да остане на „Енфилд“.
Светските медиуми претходно шпекулираа дека Кутињо би можел да премине во Барселона, а наводно веќе ги договорил и условите. Меѓутоа како што сега стојат работите Кутињо останува.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилецот изјави дека сака да стане херој на навивачите на црвената половина на Мерсисајд.
„Ако останеш тука навивачите на крајот ќе изградат статуа во твоја чест. Додека некаде на друго место, во Барселона, Баерн или Реал ќе бидеш само еден играч. Овде можете да бидете повеќе од тоа“, изјави Кутињо.
Кутињо оваа сезона постигна 14 погодоци во сите натпреварувања оваа сезона. Тој на „Енфилд“ пристигна во 2013 година од Интер за 13 милиони евра и се покажа како одлично засилување.