Дома Фудбал Англија Одлични вести за Клоп и навивачите на Ливерпул

Одлични вести за Клоп и навивачите на Ливерпул

Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах ќе биде подготвен за последниот натпревар на „Црвените“ во Премиер лигата против Вулверхемптон, потврди денеска тренерот Клоп.

Салах дожвиеа потрес на мозокот минатата сабота за време на натпреварот против Њукасл (3:2) и ја пропушти историската победа од 4:0 против Барселона во реваншот од полуфиналето во Лигата на Шампионите.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Клоп денеска изјави дека Салах започнал да тренира и дека очекува да игра против Волвс во недела. Тренерот на Ливерпул додаде дека за тој натпревар би требало да бидат подготвени Хендерсон и Робертсон, но и дека Фирмино повторно нема да биде во тимот.

Ливерпул последното коло од Премиер лигата го дочекува на второто место на табелата, со бод помалку од Манчестер Сити кој сезоната ја завршува со гостување против Брајтон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тотенхем објави разделба со Игор Тудор, не е јасно кој ќе го води тимот до крајот на сезоната

Тотенхем и Игор Тудор се разделуваат по взаемна согласност, објави клубот. Хрватскиот трен…