Дома Фудбал Останато Одлични вести за Барселона: Кутињо аплицирал за пасош од друга држава

Одлични вести за Барселона: Кутињо аплицирал за пасош од друга држава

Бразилскиот фудбалер, Филипе Кутињо оваа зима пристигна во Барселона од Ливерпул за рекордни 142 милиони фунти.

За каталонскиот клуб до сега постигна еден гол и најдобрите работи од него се очекуваат, а за Барселона пристигнуваат добри вести кои не се директно поврзани за фудбалските терени.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Имено, Кутињо поднел барање за добивање на португалски пасош со што би го загубил статусот „странски“ фудбалер. Португалија е земја членка на Европската унија, па така во Барселона би се отворило место за нови фудбалери кои не доаѓаат од такви земји. За сега такви се Кутињо, Мина и Паулињо.

Она што Кутињо го овозможува да добие португалско државјанство е фактот дека е оженет со Португалката Аино и тоа подолго од три години, што е главен услов за добивање на пасош од таа земја. За оние кои не знаат, сличен потег направи и Луис Суарез кој, освен уругвајскиот, поради сопругата Софија Балби има и италијански пасош, па не се води како странски фудбалер во Барса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милан го најде својот заменик за Тео Ернандес

Милан постигна договор со Брајтон за трансферот на левиот бек Персис Еступинан, соопшти Фа…