На 12 јули во рамките од квалификациите за Лигата на шампионите македонскиот шампион ќе гостува во Шведска каде што ќе игра против тимот на Малме.
Вардарци пред овој натпревар можеби имаа среќа.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Имено во рамките од 13 коло од фудбалската лига во Шведска се повреди нивниот најдобар фудбалер, напаѓачот Маркус Розенберг. Розенберг натпреварот против АФК Ескулистуна мораше да го напушти после само 10 минути игра.
Сепак, до натпреварот против Вардар остануваат десетина дена, а се уште не е познато од каков карактер е повредата на искусниот голгетер. Розенберг оваа сезона на 13 натпревари во шведската прва лига постигна четири погодоци и запиша три асистенции.