Мартин Одегард ова лето го напушти Реал Мадрид и во перманентен трансфер се пресели во Арсенал.
Младиот Норвежанец очигледно има големи амбиции и истакна дека сака да ја освои Лигата на шампиони со „топџиите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оваа изјва во моментов предизвика потсмев кај многумина на Островиот бидејќи Арсенал во моментов е далеку од европската елита.
„Сакаме да се вратиме во европскиот фудбал оваа сезона, тоа ќе биде од големо значење за самите фудбалери, клубот, но и навивачите секако. Потоа да се надеваме дека ќе освоиме трофеи, јас сакам да ја освојам ЛШ со Арсенал“, изјави Одегард.
„Овој клуб мора да биде на врвот, потребен му е европскиот фудбал. Се надевам дека за неколку години ќе ја освоиме и Премиер лигата“, додаде Норвежанецот.