Навивачите уште еднаш не се воодушевени од изданието на Ливерпул.
Ливерпул вчера пропушти прилика да има предност од пет бода во однос на Манчестер Сити и сега разликата помеѓу „црвените“ е само три бода.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Трката за титулата сега е целосно отворена, меѓутоа ако се погледнат последните натпревари Јирген Клоп треба да биде загрижен.
Имено, Ливерпул во првите 20 натпревари во Премиер лигата изгубија само шест бодови, додека на последните пет веќе испуштија огромни седум бодови!
Пред Вест Хем тимот од „Енфилд“ одигра нерешено со Лестер и изгуби токму од Сити, додека славеше против Брајтон и Кристал Палас.
Исто така и распоредот на избраниците на Клоп не им оди во прилог. Прво ќе го дочекаат Баерн во Лигата на шампионите за потоа да го играат големото дерби со Јунајтед кој е во фантастична форма на „Олд Трафорд“.