Дома Фудбал Останато Овермарс после скандалот во Ајакс пронајде нова работа

Овермарс после скандалот во Ајакс пронајде нова работа

Mарк Овермарс, легендарниот холандски фудбалер пред два месеци се повлече од позицијата спортски директор во Ајакс откако беше потврдено дека со непристојни пораки вознемирувал вработена во клубот.

Ајакс објави дека Овермарс одлуката за повлекување ја донел после разговор со остантото раководство и главниот извршен директор Едвин Ван Дер Сар.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Се срамам. Се соочив со моето однесување и за тоа како тоа влијаело на другите. За жал не сфатив до која граница можам да одам. Одеднаш почувствував огромен притисок. Се извинувам. Секако за некој на моја позиција вакво однесување е неприфатливо. Сега тоа и јас го гледам, но веќе е предоцна“, изјави Овермарс откако скандалот се појави во јавноста.

Сепак, иконата на Арсенал и Барселона брзо пронајде нова работа. Овермарс сега ќе ја извршува функцијата спортски директор во белгиски Антверпен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мурињо се расплака за време на минутата молк за колегата со кого освои 23 трофеи (Видео)

Познатиот португалски тренер Жозе Мурињо се расплака за време на минутата молк на натпрева…