Дома Фудбал Лига на шампиони Ова се трите клуба кои можат да ги заменет Барса, Реал и Јувентус во ЛШ

Ова се трите клуба кои можат да ги заменет Барса, Реал и Јувентус во ЛШ

УЕФА денес објави дека и официјално е отворена дисциплинска постапка против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, клубовите кои се посочуваа како основачи на т.н Суперлига која не се реализираше.

Најавите се дека овие три клуба можат да бидат исфрлени од Лигата на шампионите. Шпанското радио „Коп“ пренесува и кои клубови би ги замениле ако тоа навистина се случи.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Според информациите на овој медиум на местото на трите европски гигант можат да дојдат Реал Сосиедад, Бетис и Наполи. Овие клубови во Шпанија и Италија завршија под четвртото место, кое последно води во ЛШ.

Ќе потсетиме, останатите девет клубови кои се откажаа од Суперлигата беа веќе казнети и за нив построги санкции ќе нема, но ситуацијата со Барса, Реал и Јувентус е поинаква.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Фабрика за фудбалски таленти: Вложија 65 милиони евра во академија, а сега создаваат страшни фудбалери (Фото)

Инвестициите во спортот честопати се покажуваат како најплодни кога зад нив стои јасна стр…