Познатиот фудбалски институт „CIES“ направи листа на играчи на кои цената најмногу им порасна во досегашниот дел од сезоната.
Тука се работи за проценти, не за суми, а од институт во превид земаа неколку параметри.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На првото место е според многумина најдобриот играч во Премиер лигата, Мохамед Салах, кого Ливерпул го проценува на околу 180 милиони евра, додека статистичарите го проценуваат на нешто повеќе од 160 милиони. Салах беше доведен за 40 милиони евра од Рома, па неговата сума порасна за околу 75%.
Зад него е голманот на Манчестер Сити, чија цена во проценти порасна за нешто помалку од 75% и сега вреди 100 милиони евра. Вредноста на неговите соиграчи Лерој Сане и Габриел Хесус порасна за 63% па јасно е каков тим направи Гвардиола во Сити.
Реалната цена на Мбапе е околу 190 милиони евра, ПСЖ ќе плати помалку ова лето кога ќе заврши неговата позајмица, но тој во моментот кога пристигна во ПСЖ не вредеше повеќе од 130 милиони евра.
На листа се уште Џо Гомез кој е проценет на 57 милиони, а вредеше десет пати помалку, па Паулињо од Барселона, Дависон Санчез од Тотенхем…Единствен претставник од Серија А е Сергеј Милинковиќ Савиќ чија цена порасна за околу 40% и сега вреди 70 милиони евра, но јасно е дека Лацио нема да го пушти за таа сума.