Дома Фудбал “Ова нема врска со фудбалот. Прв гол офсајд, втор непостоечки пенал и таков црвен…”

“Ова нема врска со фудбалот. Прв гол офсајд, втор непостоечки пенал и таков црвен…”

Тренерот на Манчестер Јунајтед е бесен на литванскиот судија Донатас Румсас.

Тој го обвинува дека со сериозни грешки на штета на Јунајтед го насочил поразот во неверојатната драма кај Копенхаген во четвртото коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тен Хаг го обвинува судијата за новиот во низата дебакли на Јунајтед сезонава и само три бода во четири натпревари за последното место во ЛП групата.

„Првиот гол го постигна Копенхаген од офсајд, бидејќи домашниот играч во недозволена позиција го блокираше погледот на нашиот голман и тој го призна голот.

Вториот гол го примивме по непостоечко играње со рака. Па, потоа црвениот картон беше доделен на Рашфорд премногу грубо иако судијата долго размислуваше за тоа. Оваа игра не треба да се решава така. Тоа нема никаква врска со фудбалот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер со гол во 90. минута го победи Јувентус, дербиото го обележа контроверзен црвен картон (Видео)

Фудбалерите на Интер и Јувентус одиграа вистински спектакл во дербито од 25. коло на Сериј…