Вардар после високиот пораз од Зенит во првото коло во четврток ќе го одигра вториот натпревар во рамките од групната фаза во Лигата на Европа и тоа на гостински терен против Розенборг.
УЕФА веќе го соопшти и главниот судија за овој натпревар а тој е Георги Кабакаов, на кого ќе му помогаат Мартин Магаритов и Мартин Ванев, додека Никола Попов и Станислав Тодоров ќе бидат зад головите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За Кабаков ова е дебитантски настап во едно европско натпреварување во групната фаза. Своето меѓунардно искуство тој најмногу го собираше судејќи во младинските категории од Лигата на шампионите, а судија со знакот на ФИФА е од пред четири години.
Кабаков има 31 година, а вреди да се истакне дека на само 19 години започнал да суди второлигашки натпревари во Бугарија, а на 21 веќе делел правда и во првата бугарска лига.