Фудбалскиот земјотрес кој го предизвика Нејмар не остави никого рамнодушен.
Револуцијата на пазарот не влијаеше само на клубовите, кои се сега поподготвени од било кога пред да ја минат деветцифрената маргина без многу размислување, туку влијанието на бразилскиот ас кое почна да се шири и на играчите и се заканува да стане „вирусот Нејмар“. А Кевин Де Брујне би можел да биде првиот заразен со истиот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За што се работи? Имено, агентот на белгискиот ас Патрик де Костер отворено призна дека Де Брујне ќе го земе договорот на Нејмар и неверојатни 672.000 евра седмично како репрер за преговорите со управата на Манчестер Сити, кои се најавени за неколку месеци.
„Наскоро пристигнувам во Манчестер за да разговараме за договорот на Кевин и зголемувањето на платата. Неговата плата? Не би можел да зборувам за тоа. Но, погледнете колку се платени Мбапе и Нејмар, па ќе добиете некоја слика“, истакна Де Костер.
Кевин де Брујне моментално заработува околу 130.000 евра седмично.