Дома Топ вести Ова е најголемата грешка на Симеоне во Атлетико!

Ова е најголемата грешка на Симеоне во Атлетико!

Диего Симеоне е еден од најдобрите тренери во светот и човек кој од Атлетико Мадрид направи тим кој е сериозна конкуренција на Реал и Барса во Шпанија и на најсилните тимови во Европа.

А знаете ли која е неговата најголема грешка на клупата на „јорганџиите“? Купи напаѓач во еден од најголемите трансфери на Атлетико, а потоа го избрка во рекорден рок.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Џексон Мартинез во Мадрид пристигна за големи 35 милиони евра. Порто добро заработи, а историјата велеше дека „јорганџиите“ добија уште еден ѕвер во нападот. После Агуеро, Форлан и Фалкао дојде редот и на Колумбиецот. Меѓутоа, се случи потполно фиаско.

Симеоне неколку пати после неговото заминување призна дека тоа била неговата најслаба проценка која ја направил како тренер. Ако постои нешто позитивно во целата приказна тоа е секако фактот дека Атлетико заработи на неговото заминување. Имено Мартинез беше продаден на Гуангжу за 45 милиони евра.

За целата приказна да биде уште поинтересна вреди да се спомене дека некогаш најбараниот напаѓач во Европа денес нема сигурно место ни во кинескиот клуб, кој веќе му ја отвори излезната врата и му порача дека може да си бара нов клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Кој е Александар Стефанов? Најсериозниот кандидат за наследник на Мукаетов!

Многу брзо по завршувањето на Светското ракометно првенство, фокусот на Ракометната федера…