Дома Фудбал Англија Ова е единствената причина поради која Тен Хаг ќе остане на клупата на Манчестер Јунајтед

Ова е единствената причина поради која Тен Хаг ќе остане на клупата на Манчестер Јунајтед

Сер Џим Ретклиф избираше меѓу Томас Тухел од една страна и Ерик тен Хаг од друга страна.

На крајот се донесе одлука Тен Хаг да остане на кормилото на Манчестер Јунајтед, иако првично бил резервна опција, а Тухел имал предност.


Време е за фудбалска класика: Шпанија - Италија! ↓↓↓


Сопственикот на Манчестер Јунајтед го сакал Тухел и вечерал со него во Монако, но зделката не се остварила.

Очигледно е дека Тухел имал своја цена под која не сакаше да оди, а имајќи предвид дека и Ретклиф има свои принципи и не сакаше нов силен финансиски удар (не само поради платата на Тухел, која би била многу повисока од на Тен Хаг, туку и поради обештетувањето на Тен Хаг, на кого би требало да му плати околу 7 милиони евра за остатокот од договорот), одлучено е Холанѓанецот да остане на клупата уште најмалку една сезона.

Така, Тухел со одбиена понуда е единствената причина за останување на Тен Хаг и Холанѓанецот ќе добие нова шанса за подобри резултати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Лука Дончиќ е еден од нас“ – Србите ги „пецкаа“ Словенците 🎥

Денеска од 15:00 часот во Минхен ќе играат Словенија и Србија, а пред овој натпревар висти…