Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо направи шоу по завршувањето на натпреварот со Севиља во Лига на шампиони.
„Црвените ѓаволи“ одиграа 0:0 против Севиља, а на пресконференцијата новинарите најмногу прашања на Мурињо му поставија за Пол Погба, кој мечот го започна од клупата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, еден новинар во микс-зоната му постави прашање за Мек Томини, а тоа прашање го воодушеви „Специјалниот“.
„Може да те прегрнам? Ти благодарам. Тоа е вистинското прашање“, рече Мурињо откако новинарот го пофали Мек Томини и го праша за мислење.
Португалецот потоа му објасни на новинарот дека неговите колеги на пресконференцијата го прашувале само за Погба, а дека Мек Томини заслужил поголемо внимание.