Првата ѕвезда на Тотенхем напаѓачот Хари Кејн се соочува подолга пауза што сигурно ќе биде голем проблем за Маурисио Покетино и неговиот клуб.
Повредата на англискиот репрезентативец изгледа била од потешка природа што може да го одалечи од терените на подолг период.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кејн се повреди во дербито против Манчестер Јунајтед.
После оваа средба Кејн се пожалил на болки во зглобовите, а денес во Лондон на прегледите бил забележан со помагала за одење со што ги загрижил навивачите.
„Тој ќе биде под надзор на нашиот медицински тим додека не започне со рехабилитација, а очекуваме да се врати на теренот на почетокот на март“ соопштија од Тотенхем.
Ова значи дека најдобриот играч на Тотенхем ќе ги пропушти двете натпревари против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.
Following preliminary assessments, we can confirm that @HKane has damaged ligaments in his left ankle, sustained during Sunday's match.
He will continue to be monitored by our medical staff as he commences rehabilitation and is expected to return to training in early March. pic.twitter.com/Ot3doPa4K6
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) January 15, 2019