Сезоната во италијанската Серија А влегува во самата завршница и може да се каже дека ова е една од поинтересните сезони во последните неколку години.
Јувентус во ова кола би можел и теоретски да ја обезбеди титулата шампион на Италија, а голема борба се уште се води за местото кое води во Лигата на шампионите и опстанокот. Во недела во Рим се игра големото дерби каде што Рома пред своите навивачи ќе ја пречека „старата дама“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Римскиот клуб може да биде задоволен бидејќи многу веројатно ќе оди директно во Лигата на шампионите, а исто така оваа сезона играа и полуфинале во најелитното европско натпреварување.
Како што тоа секогаш се случува кон крајот на сезоната италијанските медиуми започнуваат да шпекулираат за иднината на фудбалерите, а еден од нив е и Алесандро Флоренци.
Наводно, 27 годишниот фудбалер има понуда од Интер каде што би соработувал со неговиот поранешен тренер Лучијано Спалети.
Проблем за Рома е што Флоренци нема долгогодишен договор со клубот. Неговиот договор истекува на крајот на наредната сезона и се уште нема најави дека истиот би можел да биде продолжен.