Лоши вести пристигнуваат за Реал Мадрид пред вечерашното „Ел Класико“.
Имено шпанска „Марка“ објави дека капитенот на Реал Мадрид е под знак прашалник за вечерашното „Ел Класико“. „Марка“ наведува дека еден од најважните играчи на „кралевите“ би можел да го пропушти исклучително важниот натпревар поради повреда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рамос како што се наведува повредата ја заработил во претходниот натпревар против Барселона во шпанскиот куп во кој Реал Мадрид доживеа пораз од Барселона од 0:3. На оваа средба Рамос имаше судир со соиграчот Касемиро и тој би можел да биде причината за негово неиграње вечерва.
Сударот со Касемиро на Рамос му ги отворил старите проблеми со коленото и медицинскиот тим на Реал неколку часа пред вечерашниот натпревар ќе одлучи дали Рамос ќе истрча на теренот.
И во тој натпревар медицинскиот тим на Реал интервенираше за Рамос да го одигра до крај натпреварот, меѓутоа тоа на „кралевите“ не им помогна многу бидејќи Барселона однесе убедлива победа.
Самото отсуство на командантот на одбраната сигурно би било голем проблем за „кралевите“. Барселона во во овој момент има девет бодови повеќе од големиот ривал и со евентуална победа вечерва би можела да го откаже Реал и од малите надежи за титулата во првенството.
„Ел Класико“ се игра вечерва со почеток од 20:45 часот на „Сантијаго Бернабеу“.