Дома Трансфер зона Објаснување од Болоња: Зошто не потпишале со Диего Коста?

Објаснување од Болоња: Зошто не потпишале со Диего Коста?

Спортскиот кординатор на Болоња Валтер Сабатини ги коментираше пишувањата на медиумите дека овој клуб одбил да го доведе Диего Коста.

Италијанските медиуми пренесуваа дека конечната одлука ја донел Михајловиќ, а како причина е договорениот трансфер на Арнаутовиќ.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Арнаутовиќ е наш човек. Синиша добро знае дека Диего Коста е шампион, но имам друга опција. Кога ни беше понуден Коста, седнавме и слушавме. Кај Михајловиќ се појавија одредени сомневања за физичката спремност што би можело да доведе до посериозна повреда. Тој не е одбиен, тоа е лага“, објасни Сабатини.

Зошто Арнаутовиќ се уште не потпишува.

„Арнаутовиќ не е наш проблем. Тој ни даде на мене и на Михајловиќ збор и не постои друга опција. Нашиот проблем е Шангај кој го држи неговиот договор, но верувам дека тоа ќе го решиме“, убеден е Сабатини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…