Дома Македонски спорт Мак фудбал Објавен списокот на фудбалерки за натпреварот против Бугарија

Објавен списокот на фудбалерки за натпреварот против Бугарија

Женската А репрезентација на Македонија го започнува циклусот на натпревари во рамките групата 5 од Лигата на нации.

Нашата селекција ја очекува меч од првото коло против репрезентацијата на Бугарија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дуелот против нашиот источен сосед во рамките на гурпата 5 од Лигата на нации го играме на 22. септември, на тренинг центарот „Петар Милошевски”, со почеток во 15. часот.

Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кирил Изов за претстојниот меч против Бугарија се одлучи да ги повика следните фудбалерки:

Голмани: Викторија Панчурова (Тиверија), Берна Кабакчи (Карсон У, Америка), Магдалена Лекоска (Љуботен);

Одбрана: Ана Милчевска (Самгрело, Грузија), Сара Коларовска (Скопје 2014), Кристина Мојсоска (Асс Јунајтед), Едина Сулејмани (Асс Јунајтед), Бојана Петкова (Љуботен), Павлинка Николовска (Љуботен),  Катерина Милеска (Цевитана), Сара Ефтинџиоска (Цевитана);

Среден ред: Наташа Андонова (Леванте, Шпанија), Ленче Андреевска (Каменица Саса), Александра Марковска (Љуботен), Елма Шемсовиќ (Скопје), Радица Велкова (Тиверија), Хава Мустафа (Шкендија), Оливера Цоклеска (Асс Јунајтед);

Напад: Афродита Салихи (Скопје 2014), Рабија Дервиши (Скопје 2014), Јилза Максути (Асс Јунајтед), Александра Јовановска (Истатов);

Женската селекција предводена од селекторот Кирил Изов, ги започна подготовките на претстојниот натпревар. Денешниот тренинг ќе биде одржан на терените на ФФМ со почеток во 16. часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Барселона го најде наследникот на Левандовски

Барселона сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантас…