Дома Фудбал Италија Објавено како ќе изгледаат тренинзите во Рома во време на корона

Објавено како ќе изгледаат тренинзите во Рома во време на корона

Рома во четврток и официјално ќе започне со тренинзи во групи, но тие тренинзи нема да бидат исти како оние во нормални услови.

Италијанската влада им дозволи на клубовите да се вратат на тренинзите, а Рома денес прави тестирања за од утре да се започне со процесот на тренинг.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во медиумите денес ги објавија правилата според кои ќе работат играчите.

Фудбалерите ќе тренираат во групи, но нема да имаат право на топка, ниту пак ќе можат да ги користат затворените објекти како што се теретаните и соблекувалните. Ќе работат само атлетски и строго на отворено. Исто така нема да биде дозволено туширање.

На тренинзите ќе мораат да доаѓаат во клупска опрема и спремни за тренинг, значи нема да има пресоблекување во тренинг центарот. Нормално ќе се избегнува и секаков близок контакт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Спалети го сака Фратези во Јуве

Јувентус внимателно ја следи ситуацијата со играчот од средниот ред на Интер, Давиде Фрате…