Американските истражители работат на истрагата и причините за несреќата во која животот го загуби легендата Коби Брајант, неговата ќерка и уште седум лица.
Претпоставките се дека главна причина за уривањето на хеликоптерот се лошите временски услови, меѓутоа за сега тоа не е потврдено. Сега се објавен и првите детали од истрагата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Истрагата покажала дека нема видливи показатели за откажување на моторите. Националната агенција за безбедност во собраќајот објави прелиминрани резултати од истрагата. Тие најавија дека конечниот извештај за несреќата ќе биде познат за една година.
Според нив, пресечната гранка на едно дрво на местото каде што се урна хеликоптерот покажува дека моторите работеле до пред самиот удар во земјата. Која е причината за уривањето на хеликоптерот дополнително ќе се утврдува.
Пилотот Ара Зобјан (56) бил искусен пилот со повеќе од 8200 часа лет и поседувал дозвола за летање во непогодни временски услови, користејќи инструменти без комуникација со контролната кула.
Хеликоптерот „Сикорски – С76Б“ бил стар 20 години и немал систем за предупредување дека леталото е блиску до земјата. Бидејќи не се знаат точните причини не е познато дали таков систем би ја спречил катастрофата.