Дома Трансфер зона Обамејанг тврди: Се уште не сум донел одлука!

Обамејанг тврди: Се уште не сум донел одлука!

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Пјер Емерик Обамејанг тврди дека се уште не донел конечна одлука кога е во прашање трансферот во некој друг клуб.

„Немам што да кажам. Фокусиран сум на преостанатите натпревари од Бундес лигата и на финалето од Купот. Се уште не сум донел конечна одлука“, изјави Обамејанг.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


27-годишниот фудбалер веќе подолго време се поврзува со трансфер во Пери Сент Жермен, а некои медиуми тврдат дека веќе се договорил со „светците“ за плата од 12 милиони евра по сезона.

Директорот на „милионерите“, Ханс – Јоаким Вацке се сомнева дека се случува нешто околу тој трансфер, но нема конкретни сознанија за тоа.

„Немам конкретни сознанија за тоа, се што знам е од медиумите. Сепак, со оглед на фактот дека имам големо искуство, можам да заклучам дека нешто се случува. Ние чекаме, ако Обамејанг сака да замине сигурно прво ќе не информира нас. Меѓутоа, тоа до сега се нема случено“, изјави Вацке.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Мудрик во јануари го напушта Челзи

Украинецот Михајло Мудрик во редовите на Челзи пристигна во 2023 година и од него очекувањ…