Дома Фудбал Репрезентации Обамејанг со соиграчите од репрезентацијата мораше да спие на аеродром

Обамејанг со соиграчите од репрезентацијата мораше да спие на аеродром

Пандемијата со коронавирусот направи многубројни проблеми во меѓународните натпревари.

Репрезентацијата на Габон вчера помина низ вистински хаос на аеродромот во Бањул. Репрезентативците на оваа афричка земја мораа да спијат на подот и на клупите како што може да се види на фотографиите.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Причина за ваквата сцена се неправилностите во тестовите кои правеле пред влезот во Гамбија.

Тестот требаше да го направат на 48 часа пред влегувањето во земјата, но бидејќи тоа не беше случај биле приморани ноќта да ја поминат на аеродром.

Помеѓу фудбалерите на Габон беше и Пјер Емерик Обамејанг кој годишно заработува 20 милиони евра и планетарна популарност, сепак тоа не му помогна да добие поинаков третман од останатите.

Натпреварот против Гамбија кој беше закажан за денес ќе се одигра во планираниот термин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Реал Мадрид гледа португалскиот ас од 80 милиони евра како замена за Модриќ 

Според неодамнешен извештај од „Фичахес“, Реал Мадрид имаат насочено внимание кон ПСЖ за В…