Голгетерот на Арсенал, Пјер Емерик – Обамејанг е посочен како замена за Лаутаро Мартинез во Интер, доколку Аргентинецот се пресели во Барселона, пренесува „Скај Италија“.
Интересно е што Обамејанг е и на радарот на Барселона доколку не успее да го договори трансферот на Лаутаро Мартинез, тврди добро информираниот новинар Џанлука ди Марцио.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лаутаро е согласен за трансфер на „Камп Ноу“, но Барселона не може да постигне договор со Интер и ќе мора да ја плати откупната клаузула која изнесува 111 милиони евра.
Барселона испрати понуда од 70 милиони евра плус Жуниор Фирпо, но таа беше одбиена од страна на Интер.
„Нероаѕурите“ веќе се во контакт со агентот на Обамејанг и доколку Лаутаро замине, Габонецот ќе пристигне како негова замена.
#Inter, #Lautaro al #Barcellona sempre più difficile. La società nerazzurra in ogni caso guarda alla possibile alternativa #Aubameyang https://t.co/EtJJqvQeDC
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) June 22, 2020