Дома Фудбал Нојер: Секој кој играл фудбал знае како се чувствувам во моментов

Нојер: Секој кој играл фудбал знае како се чувствувам во моментов

Реал Мадрид го победи Баерн со 2:1 во неверојатниот реванш полуфинален натпревар од Лигата на шампионите и со вкупни 4:3 се пласираше во финалето каде на 1 јуни на Вембли ќе се соочи со Борусија Дортмунд.

Баерн поведе со голот на Алфонсо Дејвис во 68. минута, а Реал направи пресврт со головите на Хоселу во 88. и 91. минута.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Реал беше подобриот тим на теренот на Сантијаго Бернабеу, па голманот на Баерн, Мануел Нојер (38) имаше многу работа. Тој го спасуваше својот тим до 88. минута, а потоа направи кардинална грешка.

Нојер по натпреварот даде изјава за DAZN. „Секој кој играл фудбал знае како се чувствувам во моментов. Јас сум без зборови, рече капитенот на Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи го надмудри Милан

Италијанскиот шампион Наполи запиша исклучително важна победа со 1:0 на домашен терен прот…