Дома Фудбал Репрезентации Нојер: Клучен беше првиот гол кој го постигнавме

Нојер: Клучен беше првиот гол кој го постигнавме

По вечерашниот натпревар помеѓу Македонија и Германија зборуваше капитенот на Германија Мануел Нојер.

Според капитенот на Германија клучен момент бил првиот гол кога Хаверц го отвори резултатот по наша грешка во одбранта.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Во првото полувреме имаше поинтензивна битка на теренот меѓу двете екипи. Ние имавме ситуации кога не успеавме да ги искористиме нашите шанси. Македонија доста добро се бранеше. Клуч на натпревварот беше првиот гол со кој го отворивме ривалот. Му честитам на Тимо Вернер за двата гола. Се радуваме на оваа победа и на постигнатата цел, секако дека со мали чекори ќе одиме понатаму. Ќе се подобруваме од меч во меч и очекувам да играме важна улога на СП 2022 и дека ќе стигнеме далеку“, изјави Нојер.

Ќе потсетиме, Германија со оваа победа го обезбеди пласманот на Мундијалот во Катар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Готово: Ветеранот Вилијан има нов клуб!

По втор и веројатно последен пат, искусниот крилен фудбалер се врати во татковината. Овој …