Дома Фудбал Лига на шампиони Нојер го престигна Кан по број на настапи и испиша историја

Нојер го престигна Кан по број на настапи и испиша историја

Баерн вечерва на гостувањето кај Олимпијакос успеа да слави со 3:2.

Ова беше натпревар со кој Мануел Нојер влезе во историјата бидејќи го запиша својот 103 натпревар во ЛШ и со тоа се изедначи со легендарниот Оливер Кан како германски голман со најмногу настапи во ова натпреварување.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Патот на Нојер во ЛШ започна во дресот на Шалке, за кој запиша 22 настапи, а натпреварот против Олимпијакос вечерва му беше 81. за Баерн и така стигна до бројката 103.

Нојер најмногу настапи запиша во сезоната 2012.13, вкупно 13, а до сега можеше да има многу повеќе доколку не беа тешките повреди во сезона 2017/18 кога запиша само еден настап во најелитното европско натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Нова понуда за Леаo: Гигант нуди 75 милиони евра плус фудбалер

Шансите дека Рафаел Леао ова лето ќе се пресели во Баерн се намалуваат, тоа е факт, меѓуто…