Дома Фудбал Германија Ноер: Нормално е фудбалерите да ги намалат платите!

Ноер: Нормално е фудбалерите да ги намалат платите!

Капитенот на Баерн Минхен, Мануел Ноер истакна дека во ваква ситуација со која се соочува целиот свет, нормално е фудбалерите да ги намалат своите плати.

Кризата го зафати и фудбалот, клубовите бележат огромни загуби, па една од мерките е намалување на платата на фудбалерите.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


„Ние фудбалерите имаме привилегија да добиваме големи плати и нормално е ни се намалат платите во ваква ситуација. Тоа е неопходно. Баерн има околу 1000 врабитени кои исто така вршат важни задачи. Сакаме со намалување на нашите плати да им дадеме сигурност дека ќе ја зачуваат работата“, истакна Ноер.

Раководството на Баерн предложи платите на фудбалерите да бидат намалени за 20% за време на кризата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Напаѓачот на Интер на Ноу Камп!

Според Калчомеркато, Барселона е заинтересирана за напаѓачот на Интер. Маркус Тирам е на л…