Дома Фудбал Нов шок за Барса: Крај на сезоната за Луис Суарез

Нов шок за Барса: Крај на сезоната за Луис Суарез

Фудбалерите на Барселона во шокантен натпревар против Ливерпул беа поразени со 4:0 и испаднаа во полуфиналето во ЛШ.

Барселона во првиот натпревар пред своите навивачи славеше со 3:0 и се чинеше дека се е готово, но потоа во реваншот на Енфилд забележаа дебакл. Ливерпул славеше со 4:0 и заслужено се пласираше во финалето на ЛШ.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во каталонскиот клуб ова лето се спремаат големи промени, а многу веројатно прв кој ќе замине е Валверде. Но, навивачите беа разочарани од играта на целиот тим, а на мета се најде и Луис Суарез.

Уругваецот даде гол на првиот натпревар, но во реваншот скоро и да не играше. Работата да биде уште полоша, сезоната за него е завршена поради проблеми со поврдата.

Суарез долго ја “влече“ повредата на десното колено, а Мундо Депортиво објави дека клубот дал дозвола да оди на операција. Оваа сезона со сигурност нема повеќе да го гледаме, односно ќе го пропушти финалето на Кралскиот куп против Валенсија кое се игра на 25 мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Завршена е големата трансфер приказна во светот на фудбалот, Кралевите тријат раце: „Одлучено е“

Шпанските медиуми пренесуваат вести дека Реал го заврши трансферот на стоперот на Ливерпул…