Дома Фудбал Италија Нов удар за Јувентус: Заврши сезоната за Киелини

Нов удар за Јувентус: Заврши сезоната за Киелини

Дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Киелини се повреди синоќа на дуелот со Наполи и најверојатно ќе ги пропушти натпреварите до крајот на сезоната.

Киелини има мускулна повреда и сигурно ќе го пропушти дербито со Интер следниот викенд, а „Скај Италија“ пренесува дека повредата е посериозна и најверојатно нема да се врати до крајот на сезоната.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Киелини ќе се опоравува неколку недели и веројатно нема да игра повеќе за Јуве оваа сезона.

До крајот на сезоната има уште четири круга во кои Јуве ќе има тешки натпревари со Интер и Рома, а „Старата дама“ има и финале за Купот на Италија на 9-ти мај против Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Финалето во Лигата на шампиони за првпат во нов термин, ќе се игра три часа порано!

УЕФА донесе одлука финалето на Лигата на шампиони да не се одржува во вообичаениот ноќен т…