Дома Фудбал Англија Нов удар за Ливерпул, заврши сезоната за Бајчетиќ

Нов удар за Ливерпул, заврши сезоната за Бајчетиќ

Талентот на Ливерпул, Стефан Бајчетиќ ќе го пропушти остатокот од сезоната, поради повреда на адукторот.

Играчот за врска кој има само 18. години сезонава се наметна во првиот тим на „црвените“ и одигра одлично.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ова е голем удар за Клоп, кој има проблем со повредени фудбалери, особено во средината на теренот.

„За жал, заработив повреда која ќе ме оддалечи од терените до крајот на сезоната. Многу е тешко да се збогувам со оваа одлична сезона за мене, но разбирам дека сето тоа е дел од фудбалот и ќе ме направи психички и физички посилен. Сакам да им се заблагодарам на сите „црвени“ за поддршката во текот на сезоната и ве уверувам дека ќе дадам се од себе да се вратам посилен од кога било“, се огласи Бајчетиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аморим може изненадувачки да го напушти Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим може да добие целосно неочекувана шанса да го…