Дома Топ вести Нов тренер и три големи ѕвезди пристигнуваат во Реал Мадрид

Нов тренер и три големи ѕвезди пристигнуваат во Реал Мадрид

Шпанските медиуми пренесуваат дека Зинедин Зидан на крајот на сезоната ќе го напушти Реал Мадрид, а Макс Алегри е прв кандидат за негов наследник.

Трофејниот италијански стратег веќе ги започнал преговорите со „кралскиот“ клуб и е во пол-позиција да го наследи Зидан.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Претседателот Перез е спремен да направи големи инвестиции ова лето и сигурно ќе има голема реконструкција на тимот.

Одбраната ќе ја засили Дабвид Алаба, кој ќе пристигне како слободен агент од Баерн Минхен.

На средината на теренот би требало да пристигне Едуардо Камавинга од Рен, и според последните информации преговорите се во напредна фаза.

Најголема реконструкција ќе доживее нападот, каде ќе пристигне една голема ѕвезда. Првата желба е Килијан Мбапе, а како алтернатива се споменува Ерлинг Халанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…