На повидок е нов скандал. На почетокот на следната година е планирано доделувањето на „Златната топка“ во изборот на „Франс Фудбал“, а според фотографијата која се шири низ социјалните мрежи, добитникот веќе е познат.
Фотографијата на насловната страна на „Франс Фудбал“ е објавена на социјалните мрежи и внесе немир помеѓу фудбалските фанови. На неа пишува дека Аргентинецот Лео Меси е најдобриот играч на светот за 2017. година во изборот на угледниот француски медиум.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се уште службено никој не се огласил по повод ова прашање, дали е во прашање монтажа или „случајно“ сепак е откриен добитникот на наградата.
Шпанските медиуми тврдат дека оваа фотографија стигнала и до Португалецот, Кристијано Роналдо кој веднаш го повикал Меси да провери дали Аргентинецот знае нешто повеќе за тоа.
Како што се наведува, Аргентинецот и Португалецот не успеале ништо да откријат.