Италијанскиот фудбал, за жал, има „богата“ историја со местењето натпревари, а сега Апенините ги треси нов скандал од таков вид.
Стоперот Џеное Армандо Ицо е на обвинителна клупа поради вмешаност во местење фудбалски натпревари. Италијанскиот фудбалски сојуз побара шест години суспензија и 20.000 евра казна за играчот поради два натпревари додека играше за Авелино.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Станува збор за натпревари од 2014 година, поточно за поразот на Авелино од Модена со 1:0 и победата над Реџина со 3:0. Тие два натпревари беа последните на Ицо за тој клуб, пред да се пресели во Џенова. Минатата година 25-годишниот играч доби прв повик за италијанскат репрезентација.
„Тоа е тежок удар, не го очекував тоа. Вистината ќе излезе на виделина, но моментално минувам низ ноќен кошмар. Се плашам дека ќе загубам сè, репрезентацијата, децата. Разговарав со Вентура 10 минути, сите ме поддржуваат“, вели Ицо.