Американската атлетичарка, Сидни Меклафлин го собори сопствениот светски рекорд на 400 метри со пречки и со ново најдобро време дојде до златото од Светското првенство.
Меклафлин го освои златото завршувајќи далеку пред Фемке Бол од Холандија која беше второпласирана, додека бранителката на титулата Далила Мухамед заврши на третото место.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Сидни Меклафлин истрча време од 50,68 што претставува нов Светски рекорд. Американката е и првата жена која ја поминала оваа делница за помалку од 51 секунда.
Коментари