Аргентинецот од редовите на Манчестер Сити во денешното дерби на колото против Ливерпул успеа да собори уште еден рекорд.
Серхио Агуеро од денес е најефикасниот фудбалер во историјата на Премиер лигата кој не доаѓа од Европа.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Агуеро денес го отвори резултат во дербито против Ливерпул, а ова беше негов 124 гол во ова натпреварување. Со тоа тој стигна до првото место на листата стрелци кои не се од Европа.
Кун од тронот го симна поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и поранешн репрезентативец на Тринидад и Тобаго, Двајт Јорк. Во топ пет покрај Аргентинецот, се наоѓаат уште Дидиер Дрогба (104), Емануел Адебајор (97) и Јакубу Ајгбени (95).
Sergio Aguero smashes another record! ?? pic.twitter.com/dU7205G0WB
— B/R Football (@brfootball) September 9, 2017