Дома Фудбал Италија Нов расистички скандал во Италија: Навивачи го навредуваа Костиќ 🎥

Нов расистички скандал во Италија: Навивачи го навредуваа Костиќ 🎥

Јувентус вчера ја запиша третата победа во низа во Серија А откако славеше против Специја со 2:0, а српскиот фудбалер Филип Костиќ го заврши натпреварот со една асистенција.

Костиќ беше заменет во 81-та минута во моментите додека Јувентус водеше со 2:0 и теренот го напушташе поминувајќи пред навивачите на домашниот тим. Тогаш фудбалерот доби навреди од трибините.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Една од упатените навреди беше „циган“, збор со кој и во изминатите години во Италија се навредуваа српските фудбалери. Костиќ на ваквите провокации и навреди одговори така што само ја подигна раката и им порача да бидат погласни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул ја пронајде замената за Салах

Ливерпул започна потрага по фудбалер кој ќе ја пополни празнината по заминувањето на Мохам…