Првата ѕвезда на Голден Стејт Стеф Кари доживеа тешка скршеница на раката во натпреварот против Феникс Санс.
Кари при едно положување падна на раката, а дополнителни проблеми му направи Арон Бејнс кој после падот му седна на раката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Стеф повеќе не можеше да го продолжи натпреварот. Излезе од игра, а се покажа дека станува збор за скршеница на раката и него долго време нема да го гледаме на паркетот.
Ова секако е тежок удар за Вориорсите. Поранешните шампиони оваа сезона играат како некој да ги проколнал бидејќи претходно останаа и без Клеј Томпсон кој се повреди во финишот на минатата сезона и нема да го гледаме цела сезона.