Дома Фудбал Германија Нов проблем за Алфонсо Дејвис: После короната се соочува со срцеви проблеми

Нов проблем за Алфонсо Дејвис: После короната се соочува со срцеви проблеми

Баерн пред неколку дена потврди дека Алфонсо Дејвис на почетокот на месецот бил позитивен на коронавирус.

Дејвис не тренираше со екипата некое време, но се очекуваше да се врати во тимот во наредните денови. Сепак, тоа нема да се случи затоа што се појави нов проблем. Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман потврди дека Дејвис и понатаму е надвор од екипата, но сега затоа што има срцеви проблеми.

Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


Баерн потврди дека на Дејвис му бил дијагностициран благ миокрадитис, односно воспаление на срцевиот мускул. Поради тоа одлучено е Дејвис да не тренира некое време.

Докторите на Баерн во наредниот период ќе ја следат неговата состојба пред да дадат дозвола тој да се врати на терените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Дориев го реши Хоразм: Седми гол за македонскиот ас и нова победа за Согдиана!

Македонскиот интернационалец Љупче Дориев продолжува да игра во блескава форма во шампиона…