Дома Фудбал Англија Нов проблем во Премиер лигата: Коронавирус во Тотенхем!

Нов проблем во Премиер лигата: Коронавирус во Тотенхем!

Клубовите од Англија овие денови ја направија петтата рунда на тестирање на сите играчи и членови на клубовите од Премиер лигата.

Во Премиер лигата се донесе одлука сезоната да продолжи на 17 јуни, но играчите и членовите на првите тимови редовно ќе бидат тестирани на коронавирус. Во четвртата рунда немаше заразени, но овој пат не е така.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тестирани беа 1.197 луѓе од клубовите и резултатите покажале дека еден член на Тотенхем е заразен. Потврдено беше дека станува збор за фудбалер на „петлите“ меѓутоа не е познато дали станува збор за фудбалер, член на стручниот штаб или вработен во клубот.

Информацијата дека има лице заразено со Ковид-19 во нивниот табор ја потврди и Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Виралниот навивач на Манчестер Јунајтед на чекор од шишање – еве што порача по победата над Тотенхем (Видео)

Френк Ајлет, познатиот навивач на Манчестер Јунајтед кој стана вирален, повторно е во фоку…