Нови перипетии околу Ди Марија и неговото заминување од ПСЖ во финишот на преодниот рок.
Вчетс големо внимание ширум Европа предизвика веста која ја пласираше ЕСПН, дека познатиот агент, Жорж Мендеш допатувал во Барселона за да разговара за двата големи трансфери.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден од потенцијалните е трансферот на Андре Гомеш во Јувентис, а вториот е оној на Анхел Ди Марија од ПСЖ во Барселона.
Меѓутоа денес следуваше пресврт…
Како што пренесува „Калчомеркато“, Мендеш ги отфрлил информациите врзани за Ди Марија како неточни.
„Тоа што објавија за Ди Марија не е вистина“, кратко порача „супер агентот“ на аердромот Ел Прат во Барселона.
Андре Гомеш не го спомена, а кога е во прашање Ди Марија, за него интерес покажа и Интер, додека Барселона како што се наведува понудила 35 милиони евра, со дополнителни 15 милиони за бонуси, што Парижаните не сакаа да го прифатат.
Но, тука приказната околу него не се завршува, јасно е дека во самиот финиш на преодниот рок ќе има уште обиди.