Македонската ракометна репрезентација комплетно разочара на Светското првенство и доживеа уште еден дебакл, овој пат против Аргентина (26:35).
Слично како и на мечевите со Холандија и Норвешка, од самиот старт Македонија играше слабо во одбраната и анемично во нападот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На почетокот имавме 2:2, а потоа Аргентина само го зголемуваше водството, па на полувреме замина со предност од 7 гола со 18:11.
Во второто полувреме не видовме ништо ново, Аргентина во еден момент имаше девет голови предност, која ја одржуваа до крајот, па конечниот резултат беше 26:35.
Диего Симонет беше најефикасен со 8 гола, во нашиот табор Талески беше најефикасен со 5 гола.
Сега Македонија ќе игра за пласман од 25-то до 32-то место.
Фото: РФМ