Манчестер Јунајтед започна преговори со агентот на Бруно Фернандеш за продолжување на договорот, пренесуваат медиумите на Островот.




27- годишниот играч за врска би требало да инкасира околу 220.000 евра неделно. Во овој момент неговите примања се 110.000 евра, па е еден од најмалку платините фудбалери на „Олд Трафорд“.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Фернандеш дојде во Манчестер Јунајтед од Спортинг Лисабон пред точно две години за 55 милиони евра, и се етаблираше во клучен фудбалер на „црвените ѓаволи“.




Португалецот ќе добие „награда“ за добрите партии и двојно поголема плата, а треба да стави потпис на договор до 2025 година.