Италија е една од најпогодените земји од коронавирусот, но фудбалските власти инсистираат дека Серија А мора да биде завршена и плановите се првенството да продолжи кој крајот на мај и почетокот на јуни.
Според планот кој го претстави претседателот на Федерацијата, Гравина, Серија А треба да продолжи на 20-ти мај и во тој случај би завршила на 2-ри јули.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Планот е на 20-ти мај да се одиграат одложените натпревари од 25-то коло, Аталанта – Сасуоло, Интер – Сампдорија, Торино – Парма и Верона – Каљари.
Потоа ќе се пристапи кон регуларно продолжување на сезоната од 27-то коло. Натпревари ќе се играат на секои три дена, па според ова сценарио сезоната ќе заврши на 2 јули.
Еве ги можните датуми на натпреварите според ова сценарио:
23-24.05. – 27 коло
27-28.05. – 28 коло
30-31.05. – 29 коло
03-04.06. – 30 коло
06-07-06. – 31 коло
10-11.06. – 32 коло
13-14.06. – 33 коло
17-18.06. – 34 коло
20-21.06. – 35 коло
24-25.06. – 36 коло
27-28.06. – 37 коло
02.07. – 38 коло