Дома Фудбал Ново правило во Барселона: Нема премии за тие кои се повредуваат пречесто

Ново правило во Барселона: Нема премии за тие кои се повредуваат пречесто

Екипата на Барселона се уште не може во целост да излезе од финансиската криза која и раководството прави се за да ги избегне проблемите.

Клубот во овој момент е во долг од 1.3 милијарди евра и тој долг прави проблем, затоа се воведува ново правило и фудбалерите кои се пречесто повредени нема да добиваат комплетни премии.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Ова доаѓа поради кризата, но и поради тоа што во изминатите години фудбалери на каталонскиот гигант како Дембеле, Умтити, Кутињо...кои беа повеќе повредени отколку што играа заработуваа огромни суми за ништо.

Според новото правило премии ќе добиваат фудбалерите кои во сезоната ќе одиграат најмалку 50% од натпреварите. Во Барселона се надеваат дека ова ново правило ќе ги натера на повеќе спортски живот играчите со кои имаат проблеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн гаази, но Компани размислува и на засилувања – има три желби за јануари!

Тимот на Баерн прикажува извонредна форма оваа сезона и во Лигата на шампионите и на домаш…